![]() |
Nattokinase, за подобра циркулација, 60 х 50мг
Цена:
1 690,00 ден.
1 352,00 ден. Заштеда: 20.00%
|
|
Прашајте нè за овој производ |
Обично стигнува за:   |
|
Потполно природен ензим кој помага во одржувањето на нормален крвен притисок и еластични крвни садови:
- Ја намалува вискозноста (густината) на крвта
- Овозможува здрав кардио-васкуларниот систем
- Придонесува за подобра циркулација на крвта
- Допринесува за поеластични крвни садови
- Влијае за намалување на крвниот притисок
- Превенција од грчеви во мускулите
- Превенција од хемороиди и отечени вени
- Придонесува за побрзо закрепнување
- Превенција од различни хронични воспаленија
- 1,000 фибринолитички единици
Одржувајте го здрав вашиот кардиоваскуларен систем со Symbiotics® Nattokinase™. Како што старееме, се повеќе се фокусираме да го одржиме нашето срце да биде здраво, кое ќе ни помогне да функционираме што подобро во нашите пензионерски години. Природната натокиназа добиена со природна ферментација на соја, овозможува здрава поткрепа на срцето! Ензимот натокиназата е научно проучуван и докажано е дека неговата фибронолитичка активност може да помогне во одржувањето на правилна функција на вашиот кардиоваскуларен систем и да овозможи здрав крвоток.
Symbiotics® Nattokinase™ е специјално развиена формула која ви овозможува квалитетен живот и благосостојба. Nattokinase™ е целосно природен фибринолитичен ензим, произведен за време на ферментација на Нато (вид на квалитетна Јапонска соја) со помош на бактерии Bacillus subtilsin natto. Екстракцијата се прави без употреба на хемикалии и деструктивни процеси за да се одржи биоактивноста на производот. Со користење на нашиот патентиран процес, се отстранува витаминот К кој е познат како поттикнувач на крвните згрутчувања, а се со цел да се овозможи крвта да циркулира слободно низ кардиоваскуларниот систем. Без витамин К и со екстракција без хемикалии се обезбедува квалитетот на Symbiotics®.
Во суштина, Nattokinase е „разурнувач на крвните згрутчувања“. Се бори против зголемувањето на нивото на фибринот кој ја намалува циркулацијата на крвта во телото, односно ја зголемува вискозноста на крвта. Лошата циркулација на крвта го намалува протокот на кислород и хранливите состојки во клетките, оставајќи го телото ранливо и изложено на огромен број на хронолошки заболувања.
Ензимот Nattokinase се дефинира како протеин кој ги забрзува и регулира хемиските процеси во телото. Придонесува при намалување на ризикот од опасни крвни згрутчувања на нервниот и кардиовасклуарниот систем. Исто така, овозможува висок степен на поддршка за нормалување на крвниот притисок.
Јапонија го има највисокиот просек на долговечност во светот, кој делумно се должи на високиот степен на конзумирање на Нато соја. Споредено со обичните семиња од соја, Нато произведува повеќе протеини, растителни влакна, калциум, калиум, витамин Б2, 18 видови на амино-киселини и секако Nattokinase.
Зголемена биодостапност со помош на BIO-lipid заштитата. Symbiotics® Nattokinase™ има BIO-lipid заштитна обвивка која помага да се заштити природната активност и квалитетот на Nattokinase, како и да ја зголеми биодостапноста и апсорбцијата со што овозможува потполна делотворност.
Употребата на Symbiotics® Nattokinase™ придружете ја со Symbiotics® Colostrum PLUS за подобра благосостојба. Symbiotics® Colostrum PLUS, првата храна која ја дала природата, го поттикнува имунолошкиот одговор и имунолошките фактори. Заедно, овие додатоци во исхраната ќе ви помогат во одржувањето на вашето кардиоваскуларно здравје и на имунитетот воопшто.
Препорака за употрeба: Се препорачува само за возрасни, земете една (1) капсула наутро и една (1) капсула навечер пред легнување со чаша обична вода. По потреба дуплирајте ја дозата.











