Постапката за нарачување

Печати

Посетете ја нашата Веб продавница, кликнувајќи на соодветното копче од Горното мени, или кликнете тука.

Одберете ја категоријата производи од која сакате да порачате (подоцна, по желба, може да се вратите и да одберете друга). Категоријата можете и директно да ја одберете од горното мени Веб продавница.

Ќе се отвори страна со производите што припаѓаат на соодветната категорија. Одберете го производот што Ве интересира и кликнете на сликата или на „Детални информации“ за да прочитате повеќе информации за саканиот производ.

При приказ на производот, има сликичка на која пишува „Во кошничка“. Кликнете за да го ставите производот во Вашата кошничка.

За повеќе производи повторете ја постапката. Кошничката ги чува сите информации за производите што сте ги одбрале.

Кога ќе завршите со одбирањето производи, на менито од десната страна кликнете на „Кошничка“, а  потоа на следната страница ќе одберете „Кон наплата“.

Ако сте регистриран корисник, ќе може овде да се најавите со вашето корисничко име, а доколку сте веќе најавени, продолжите со одбирање начин на плаќање.

Ако не сте регистриран корисник, овде можете да се регистрирате со што ќе добиете корисничко име, кое е потребно за понатамошно процесирање на порачката.

Одберете начин на плаќање:

  • Електронско плаќање - безбедно Ве пренасочува кон страницата за плаќање со електронска картичка, каде треба да го внесете бројот на картичката и да ја потврдите порачката. Потоа само ја чекате робата да Ви пристигне.

  • Плаќање со уплатница - на уплатница ПП10 ги пополнувате потребните податоци, уплаќате во најблиската банка или пошта. Копија од уплатницата испратете ни на факс или е-пошта за побрзо процесирање на порачката. Откако уплатата се реализира на нашата сметка, ние Ви ја испраќаме робата. За порачки со вредност пониска од 1500 денари, трошокот за испорака ќе го платите на курирот кога ќе ви ја донесе нарачката на саканата адреса.

  • Плаќање при преземање - значи дека сметката за порачката ќе ја платите на курирот кој ќе Ви ја донесе робата. За порачки со вредност пониска од 1500 денари,  трошокот за испорака, исто така, ќе го платите на курирот кога ќе ви ја донесе нарачката на саканата адреса.

Потоа кликнете на Продолжи.

Тука можете да ја видите уште еднаш порачката, а имате и поле во кое можете да впишете свој коментар или некоја забелешка која мислите дека е потребна.

По кликнувањето на Потврди порачка ќе добиете email со деталите од порачката.

Во текот на истиот или следниот ден ќе бидете контактирани за испораката.

За сите порачки со вредност од 1500 денари или повеќе, испораката до Вашиот дом е БЕСПЛАТНА.

 

Ако имате прашања или забелешки слободно обратете ни се на нашата е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на нашиот телефон (02) 3230 777.

Share/Save/Bookmark

Нутри Вита

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

Препорака

Активен Органски Германиум

Посилен имунитет на природен начин

Активен Органски Германиум Ге-132 - Active Organic Germanium Ge-132
3 190,00 ден.

bmi_calculator