Се стремиме кон тоа нашите производи да ви бидат доставени во рок од 24 часа откако сте ги нарачале/купиле.
НУТРИ ВИТА соработува со Глобко Логистик.
Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница и фактура за извршеното плаќање.
Купените производи ќе ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Трошоците за испорака се пресметани согласно ценовникот на Глобко Логистик и се додаваат на крајот од порачката. За нарачки над 1500 денари, трошоците за испорака ги презема НУТРИ ВИТА.
Производите ќе ви бидат испорачани следниот ден или во временски период според вашите потреби.
Порачаните производи во сабота или неработен ден ќе Ви бидат доставени следниот работен ден.
На денот на испораката, доколку претставникот за испорака не успее да ве најде и да ви ја предаде пратката ќе ви биде доставена писмена информација за направениот обид.
Доколку порачаниот производ не може да ви биде испорачан од наша страна, ќе бидете контактирани преку податоците кои ги имате доставено при регистрацијата.
Доколку станува збор за итна испорака (роденден, презентација и сл.) во тој случај се договара испораката според вашите потреби.
Објава за промени
Доколку има некои промени во нашата политика за испорака на производите, истите ќе бидат напишани тука и на други места за кои сметаме дека се соодветни.








