![]() |
Candida Balance Probiotic Formula, 120 х 480мг
Цена:
1 980,00 ден.
|
|
Прашајте нè за овој производ |
Обично стигнува за:   |
|
Природно направете го посилен вашиот имунолошки систем и обновете ја цревната флора со Colostrum Plus® и Пробиотици
- Помага во одржувањето на оптималното ниво на Candida albicans
- Го поттикнува растот и размножувањето на корисните бактерии
- Овозможува силен имунолошки систем, здрав интестинален тракт и балансирана цревна флора
- Природна поддршка за одбраната на вашето тело
- Овозможува оптимална функција на дигестивниот тракт
Symbiotics® Candida Balance™ помага во одржувањето на нормалните нивоа на Candida albicans! Нормално е да се има Candida albicans во телото, но клучно е да се одржи во рамнотежа. Овој производ е формулиран со научно докажани состојки како што се колострумот, пробиотиците и лактоферинот, се со цел природно да ја оптимизирате фунцијата на дигестивниот систем. Tројната акција на Candida Balance ™ делува ефикасно за да се намали присуството на Candida Albicans во организмот, овозможува раст, развој и обнова на корисните бактерии, а истовремено го снабдува организмот со нови корисни бактерии. Лактоферинот и го одзема железото на Candida-та потребно за нејзин раст. Пробиотиците како Lactobacillus и Bifidobacterium се додадени за да го поттикнат здравјето на гастроинтестиналниот тракт, како и да го зголемат имунитетот. Colostrum Plus® е богат со имуноглобулини IgG, полипептиди богати со пролин - PRP (вид на аминокиселина) и други Имунолошки Фактори за да се поттикне севкупното имунолошко здравје.
Symbiotics гарантира минимум од 28 мг Lactoferrin, 173 мг Имуноглобулини и 20 мг Полипептиди богати со пролин – PRP (вид на аминокиселина), кои всушност се најзначајната компонента на колострумот. Нашата единствена и патентирана BIO-lipid™ обвивка гарантира целосна апсорбција на компонентите од колострумот во интестиналниот тракт. Без оваа заштитна обвивка, компонентите на колострумот от од другите брендови можат да бидат уништени од стомачните киселини и да понудат ограничени или скоро никакви придобивки.
Candida Balance Probiotic Formula содржи 30 милијарди корисни бактерии во една доза! И покрај нашите напори да се направи здрав избор на животен стил, невозможно е да се избегне влијанието на животната средина околу нас. Суровата животна средина, процесираната храна и хемикалиите кои ги внесуваме со исхраната и водата може да ја наруши деликатната рамнотежа на микроорганизми кои природно се наоѓаат во цревниот тракт. Со тоа се нарушува оптималната работа на дигестивниот систем, кој пак дирекно влијае на силата и ефикасноста на имунолошкиот систем. Нерамнотежата на цревната флора исто така може да предизвика повремена надуеност, гасови и непријатност во стомакот. Избалансираната цревна флора е од суштинско значење за здрав дигестивен тракт и силен имунолошки систем.
Оптималното ниво на корисни бактерии во интестиналниот тракт е неопходно за оджување на здрав дигестивен систем, здрава цревна флора, а со тоа овозможува и посилен имунолошки систем. Научните истражувања за Lactobacillus и Bifidobacterium, кои се наоѓаат во овој производ, покажуваат дека овие видови бактерии природно овозможуваат оптимална работа на дигестивниот тракт, правилна апсорбција на хранливите материи во организмот и посилен имунитет за одбрана на организмот.
Colostrum Plus® се добива од крави оценети од USDA (Американското Министерство за Земјоделство) со највисока оцена, кои гарантирано се одгледуваат на пасишта на кои не се употребуваат пестициди, не се третираат со антибиотици и не им се додаваат хормони за раст на говедата. Ние ја користиме содржината само од првите 2 молзења за да се гарантира моќноста и квалитетот.
Гаранција за чистота и квалитет: Ние гарантираме дека овој продукт ги има највисоките стандарди за квалитет, чистота и свежина. Секое шише е безбедно запечатено од надворешна и внатрешна страна. Не го употребувајте продуктот ако обвивката е искината или ако воопшто ја нема.
Упатство: Земете 2 капсули, двапати дневно на празен стомак. Зголемете ја дозата за трипати во време на психо-физички стрес. За деца, намалете ја дозата за половина.











