![]() |
Колострум за деца, Цреша, 120 х 400мг
Цена:
1 390,00 ден.
|
|
Прашајте нè за овој производ |
Обично стигнува за:   |
|
- Прв колострум за деца
- Таблети за џвакање со одличен вкус
- Посилен имунитет на природен начин
- Практичен за употреба, децата го обожаваат
Одбранете се со Colostrum Plus ®! Вашиот имунолошки одбранбен систем се исцрпува како што стареете. Colostrum Plus® ги враќа моќните, природни антитела и имунолошки фактори за двојна акција во крвотекот и во гастроинтестиналниот тракт. Помага во одржувањето на здрава цревна облога и ја поттикнува здравата цревна флора. Неговите фактори на раст ја зголемуваат издржливоста и ja поддржуваат природната регенерација на ткивата и мускулите. Клиничките студии покажуваат широк спектар на здравствени придобивки и ја докажуваат супериорноста на Colostrum Plus®.
Symbiotics гарантира за минимум од 1.5% Лактоферин (14мг), 25% Имуноглобулини (240 мг IG) и 3% Полипептиди богати со пролин (вид на аминокиселина)-(29 мг PRP), најважната компонента на Колострумот. Нашата единствена BIO-lipid™ обвивка ја осигурува апсорбливоста. Без оваа заштита, другите брендови на колострум можат да бидат уништени од стомачните киселини и да понудат ограничени придобивки.
Colostrum Plus® се добива од крави оценети од USDA (Американското Министерство за Земјоделство) со највисока оцена, кои гарантирано се одгледуваат на пасишта на кои не се употребуваат пестициди, не се третираат со антибиотици и не им се додаваат хормони за раст на говедата. Ние ја користиме содржината само од првите 2 молзења за да се гарантира моќноста и квалитетот.
Гаранција за чистота и квалитет: Ние гарантираме дека овој продукт ги има највисоките стандарди за квалитет, чистота и свежина. Секое шише е безбедно запечатено од надворешна и внатрешна страна. Не го употребувајте продуктот ако обвивката е искината или ако воопшто ја нема.
Упатство: Изџвакајте 2 таблети двапати дневно на празен стомак. Зголемете ја дозата за трипати во време на околински или физички стрес. За деца, намалете ја дозата за половина.





