![]() |
Алги Power3, капсули, 160 х 500мг
Цена:
2 090,00 ден.
|
|
Прашајте нè за овој производ |
Обично стигнува за:   |
|
Кламатските Сино-зелени АФА Алги (Aphanizomenon Flos-Aquae) се еден од најбогатите извори на протеини (до 70%), од кои поголемиот дел се гликопротеини, кои се веќе преобразени и подготвени за апсорпција со 80% дигестибилност. Се сметаат за „комплетни протеини“, кои ги содржат сите осум есенцијални амино киселини и се богати со Б витамини, со што се најбогатиот растителен извор на Б-12, Бета Каротен, и нетоксичен Витамин А; исто така, богати се со витамини Ц, Е, К, Иноситал, Холин и Биотин. Мекиот клеточен ѕид од гликоза ги прави лесно асимилирачки и супериорни во дигестибилноста и апсорпцијата со совршена синтеза на Протеини, Ензими, Сложени Јагленохидрати и Липиди, (Есенцијални Масни Киселини: Омега 3, Омега 6, EPA- Еикосапантеонска киселина и GLA- Гама линоленска киселина) и Нуклеински Киселини, РНК/ДНК. Колоидниот минерален седимент од Горното Кламатско Езеро ги прави синозелените алги екстремно богати со широк спектар на минерали во нивната природна форма, сврзани органски и високо био-достапни.
СПИРУЛИНА, сино-зелена цијанобактерија микро-алга која датира од пред 3 милијарди години, е најпозната од овие алги. Моќна природна храна богата со нутриенти, спирулината е составена од преку 60% протеини и тоа се комплетни протеини, обезбедувајќи ги сите осум есенцијални амино киселини. Има ниска содржина на масти, но ги содржи сите значајни есенцијални амино киселини, вклучувајќи многу високи количини на Гама Линоленска Киселина (GLA). Оваа киселина е претходник на хормон и е погодна за правилно функционирање на срцето и циркулација. Исто така, има анти-воспалителни својства, кои се благотворни за кожата и косата.
Најголемиот број од значајните витамини кои ни се потребни се наоѓаат во Спирулина вклучувајќи го целиот ранг на Б-комплекс, Витамин Е и бета-каротен, посебно богати со витамин Б-12, како и Кламатските Сино-Зелени Алги со што се одличен извор на Б-12 за вегетаријанците. Спирулината исто така е богата со минерали (вклучувајќи железо, калциум, цинк, калиум, магнезиум, селен, фосфор и олиго-минерали), ензими, хлорофил, ДНК, РНК, сулфолипиди и гликолипиди.
Супер ХЛОРЕЛА, Растена хетеротрофично во најчистата од контролираните средини. Со совршени услови за растење со сончева светлина, температура, вода и воздух овие микроалги со мек клеточен ѕид се опуштени во нивната совршена средина и поради тоа немаат потреба да развијат дебела клеточна бариера за да се заштитат од борбените елементи.
Одличен извор на протеини- 60%, Хлорелата ги содржи сите есенцијални амино киселини и масни киселини, богата е со витамини Б-комплекс, посебно Б-12, и витамини Ц, Е, К и бета-каротен. Нејзината богата минерална содржина вклучува железо, цинк, јод, калиум, фосфор, магнезиум, сулфур, калциум, манган, бакар, кобалт и германиум. Хлорелата исто така е богата со РНК И ДНК нуклеински киселини, со што е еден од најбогатиот извор за нуклеински киселини. Нуклеинските киселини се многу корисни во поправањето на оштетениот генетски материјал во клетките, во одржувањето на здравјето и забавувањето на процесот на стареење. Хлорелата му помага на телото на клеточно ниво и оттука во зголемувањето на телесното енергетско ниво и виталност.
Хлорелата содржи супстанца која е својствена единствено за неа, наречена Хлорела Фактор за Раст-CGF. Некои велат дека таа е најзначајниот фактор на хлорелата во нејзините неверојатни исцелителни својства. CGF е физиолошко активирачка супстанца која содржи комплексни нуклеотидни пептиди, амино киселини, полисахариди и други деривати. Се покажа дека драстично го забрзува растот во организмите и го поттикнува лекувањето на оштетените ткива. Исто така, го стимулира изградувањето на имунолошкиот систем.
Ние сме горди што можеме да ви го понудиме овој производ со одличен квалитет, комбинирајќи ги трите најдобри видови зелени суперхрани - вистински центар на Микро-Нутриција.











