Кламатските синозелени алги се најбогата храна со хранливи материи која може да се најде на планетата, бидејќи содржат гликопротеини, витамини, минерали, прости јаглехидрати, липиди и биолошки активни ензими. Благодарејќи на хранливиот, мек клеточен ѕид на алгите, овие хранливи материи се лесно достапни и телото може брзо да ги искористи. Бидејќи телото користи само мала количина енергија за да ја претвори оваа суперхрана во гориво, консумирањето на кламатските синозелени алги е брз, ефикасен и енергичен начин да се подобри сечија исхрана. Откривањето на неверојатната хранлива вредност концентрирана во алгите АФА (Aphanizomenon Flos Aquae), дамнешни синозелени микроалги, ја популаризираше оваа храна богата со хранливи материи, констатирајќи дека содржи повеќе протеини, Б-12 и хлорофил од кој било друг извор на храна. Кламатските синозелени алги имаат комплетен нутритивен профил, достапен во форми кои се директно расположиви и подобри од сите други алги на пазарот, па заради тоа се наоѓаат во фокусот на вниманието на индустријата за здрава храна.
„Дојде времето за да се трошат повеќе средства во истражувањето на исхраната, за новата технологија за храна и начините како да се зголеми продуктивноста по хектар. Треба да ги истражиме начините за капитализирање на фотосинтезата и подобра употреба на сончевата енергија.“ Џејмс Кендрик Помладиот, поранешен потпретседател на катедрата за земјоделски науки на Универзитетот Беркли во Калифорнија.









